Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.

Во интервјуто Кумбаро додаде дека до 2030 година меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана ќе започне со прекуокеански летови.
Таа е оптимист дека во 2030 година во земјата ќе престојуваат 30 милиони туристи.
OhridNews











