Најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов чија премиера во Охрид беше на 3- ти ноември, ќе се прикажува и во петок ( 7- ми ноември).  

„ До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, ко-сценарист Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија Ивановска, а главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.

Кино проекции на филмот во Охрид ќе има и од 10-ти до 12-ти ноември . Почеток 20:00 часот, влез 100 денари.

OhridNews