Без проблеми се одвива гласањето во општина Охрид каде во Единствениот избирачки список се запишани 51.848 лица. Сите 89 избирачки места се отворени навреме во 7 часот, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Димитрија Вревезоски.
– До 9.45 часот излезноста според вкупниот број на избирачи е 8.34 проценти, додека според избирачкиот список е 10.06 проценти. – изјави Вревезоски.
Без проблеми се одвива гласањето и на сите 101 избирачко место во Струга, каде право на глас имаат 59.019 граѓани.
Гласањето навреме започна и непречено се одвива и Вевчани каде има 2044 гласачи, како и во општина Дебрца каде право на глас имаат 4493 граѓани.
Г.М.