Додека не се формира влада, не може да се објавуваат огласи за редовни вработувања на неопределно време, појасни денеска министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, пренесува „Макфакс“.

„Постои законска забрана, до формирање нова влада да нема нови вработувања, освен во ситуации кога се работи за итни и неодложни активности при што е потребно институцијата да обезбеди потврда дека навистина се работи за такво нешто од страна на Државната комисија за спречување корупција“, рече министерката, одговарајќи на новинарски прашања пред обраќањето на Глобалниот самит на жени лидери 2017.

Според неа, јавни огласи за редовни вработувања на неопределно време нема уште од денот на распишувања на изборите, а во овој меѓу период, имало ангажирања само на сезонски работици во ЈП „Македонски шуми“ и „Македонија пат“.

„Многу малку вработувања имаше во текот на минатата година, а сега, и во овој период, ќе видиме како ќе биде со изборите. Додека не се формира влада, не ќе може да се објавуваат огласи“, потенцира Арсовска Томовска.

Извештајот за вработувањата во 2016 година ќе биде објавен во текот на следните денови.

„Имаме законска обврска до 31 март да го објавиме Извештајот, но во фаза е на подготовка. Ќе видите точни податоци, каде, колку, зошто,…се реализирани вработувања“, рече министерката.

OhridNews
извор: „Макфакс“