До крајот на јуни 2012, во сите градови каде што има катастарски одделенија мора да биде воведен електронски катастар, најави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Љупчо Георгиевски, по завршувањето на денес одржаната седница на Економскиот совет.

Граѓаните кои имаат недвижности, доколку живеат во Скопје, а сакаат да извадат имотен лист за катастарска парцела која се наоѓа во друга општина, во иднина со помош на електронскиот катастар, тоа ќе може да го направат во Скопје или обратно.

OhridNews