Новогодишните украси и годинава се продаваат на добро познатите неугледни, стари тезги покриени со најлонски кеси кои не му наликуваат на еден туристички центар кој за празниците го посетуваат голем број гости.


Веќе неколку години по ред од страна на локалната самоуправа се најавуваат типски бараки, но тие никако да се постават кај стариот чинар и украсите да се нудат од нив.


Објаснувањето кое годинава беше дадено од страна на надлежните е дека не биле обезбедени одобренија за поставување времени објекти. Затоа биле поставени старите тезги, кои се третираат како урбана опрема.

OhridNews