По попрвичниот би рекол благ удар ценовен којшто настанува после секое вакво навестување за воведувањето на дополнителни санкции врз извозот на руската нафта ќе се стабилизират нештата затоа што има други производители коишто имаат капацитети да ги дополнат во светската понуда и понудата во регионот оние количества на нафта коишто можеби нема да бидат испорачани од овој извор од Русија. Така што не очекувам во наредните месеци некој поголем шок, рече гувернерот на Народната банка, Трајко Славески одговарајќи на новинарско прашање во врска со новите санкции и опасност од нов скок на инфлацијата.
Очекуваме, тоа се нашите проекции во Народна банка, оној тренд којшто е забележан последните неколку месеци на намалување на инфлацијата да продолжи понатаму и до крајот на годината да забележиме инфлација пониска од 4 проценти. Ние се држиме за нашите проекции и проекциите на меѓународните финансиски институции. Меѓународниот монетарен фонд очекува просечната инфлација за оваа година да биде четири отсто. Мислам дека ќе биде за 0,1, 0,2 процентни поени под тоа и е добро е да видиме тројка. Тоа ќе влијае и психолошки, затоа што таргетот за наредната година е инфлацијата да се симне на три и дури под три проценти во оние граници во коишто имавме инфлација пред пандемијата во рамките на инфлацијата во Европската Унија, рече Славески.
Посочи дека Народна банка работи на тоа и го посакува заради вкупната поставеност на монетарната политика и режимот на девизен курс за да се задржи стабилна вредноста на денарот.
Мора да имаме ниски стапки на инфлација и да не доаѓаме до ситуација да ја, на некој начин нарушуваме конкурентноста на македонската економија преку повисоки стапки на инфлација од оние што се во еврозоната, за кое што е врзан и нашата национална валута, додаде Славески.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска












