Од денес до петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ поставена е изложбата на дела под наслов: „Роднокрајни автори–родени во декември“. Во овој месечен преглед опфатени се: Никола Јанев, Дејан Пановски, Џеладин Емини, Ѓорѓи Тодоровски и Милчо Јованоски.
Покрај овие активности, охридската библиотека ја продолжува и соработката со Факултет за странски јазици при ФОН Струга. Под наслов: „Да го поттикнеме говорно–јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“, во основното училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец се одржаа пет Работилници со деца.
Вчера и денеска студентите од ФОН со нивната професорка Габриела Неделкоска и предметните наставнички по англиски: Марија Симиџиоска – Стојаноска и Елизабета Митрушеска се меѓу учениците од прво до трето одделение во ОУ „Кочо Рацин“ во Радојца Новичиќ и во Долно Лакочереј.
Целта е низ интерактивна игра да се поттикнат јазичните активности за развивање читачки вештини, односно усвојување на вокабулар на игрив начин, прилагоден за возраста на учениците.














