
-Досега имаат аплицирано околу 150 субјекти за вкупен долг од околу 150 милиони денари. Сите заинтересирани компании, сите заинтересирани субјекти коишто имаат неплатени социјални придонеси и долг по овој основ во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во Фондот за здравствено осигурување или, пак, во Управата за јавни приходи за придонесите после 2008 година може да аплицираат до крајот на годината, да склучат спогодба со овие институции и да го платат само главниот долг на рати и да бидат ослободени од каматата, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Со оваа мерка, додаде тој, значително се олеснува работењето на компаниите со оглед на значајниот процент кој им се отпишува по основ на неплатен долг односно отпис на каматата.
OhridNews











