Од јавното претпријатие „Градски гробишта“ ги информираат сите правни и физички лица кои имаат долг кон претпријатието, по основ на такса за гробарина, фактури за гробни места или услуги, да ги подмират обврските најдоцна до 31.03.2018 година.

Во спротивно, велат од претпријатието, ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежните органи, а должниците ќе бидат оптоварени со дополнителни трошоци кои произлегуваат од постапките.