Од СВР- Охрид денес и со официјално соопштение во врска со вчера случената несреќа во водите на езерото.

Како што информираат од таму, во пловидбената незгода која се случила околу 18 часот и 15 минути во Охридското езеро кај Струга, на околу 400 метри од брегот, животот го загуби едно лице , а другото лице кое се наоѓало на скутерот е вон животна опасност.

Незгодата се случила на потегот помеѓу Струга и селото Калишта, во момент кога двете лица на скутерот, сакале да ги заменат своите места, пришто, дошло до превртување на пловниот објект. Двајцата, кои на себе немале  безбедносни појаси за спасување, паднале во вода. Набрзо, на критичното место, со глисери пристигнале спасители кои ги слушнале повиците за помош. Тие, успеале да ја  спасат Б.К.(26) од Тетово, додека другото лице го забележале удавено на околу 2 метри длабочина.

Двете лица, едното без  витални знаци на живот, а  другото во состојба на шок,  итно биле пренесени во општата болница во Струга.

Полициската станица од Струга, презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

OhridNews