Времето денеска ќе биде променливо облачно, главно во јужните делови со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Во петок, исто така,  времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер. За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури, информира УХМР Македонија.

OhridNews