Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување пратенички листи до Државната изборна комисија.
Во рок од 48 сати, комисијата треба да утрврди дали листите се согласно изборниот законик, а доколку се јават неправилности, партиите ќе имаат уште два дена за исправки.
Ждребувањето за редоследот на листите на гласачкото ливче ќе се одржи на 3-ти април, додека на 9-ти истите ќе треба да се обајват во дневен печат.
Инаку, увидот во избирачкиот список завршува утре на полноќ.
OhridNews