Од среда кон крајот на денот следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има појава на нестабилност со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во четврток се очекува поголема нестабилност, локално во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму информираат дека деновиве биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во ноќните часови кај поголем број на луѓе можно е да се појави чуство на тежина во главата, а во раните утрински часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews