Туристичката сезона уште не почната, во стариот дел на градот веќе се чувствуваат проблеми во одвивањето на сообраќајот. Голем проблем претставува и паркингот, па така околу местата каде има повеќе простор за паркинг е вистинска гужва. Така е и пред катедралната црква Св. Софија, еден од најрепрезентативните историски објекти во градот и значајно духовно светилиште. Околу црквата има толку многу возила, што буквално тешко се стигнува до неа.
Св. Софија под опсада од автомобили