
Проектот, се реализира во соработка со училишните центри во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, како и во партнерство со авто-школите, испитниот центар-Кичево и со општинските организации на Црвениот крст. Проектот, всушност значи организирана акција за едукација на најмладите за полагање на возачки испит од „М„ категорија со што, ќе се превенираат несаканите последици од непочитување на сообраќајните правила и прописи и ќе се подигне степенот на безбедносната култура кај најмладите, информитраат од СВР Охрид.
На учениците кои доброволно и во присуство на родител, писмено ќе се пријават во сообраќајната полиција во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, ќе им се овозможи полагање на испитот на возачкиот испит од „М„ категорија со плаќање од само 310 денари, како и бесплатна обука од останатите партнери во реализацијата на проектот.
Пријавувањето ќе се врши според принципот „Прв дојден, прв услужен“ со важечка лична карта на ученикот и родителот, ученичка книшка и извод од матична книга на родени на ученикот со кој ќе се докаже родителскиот однос.











