Променливо време ќе преовладува во следните два дена, а веќе од викендот не очекува значителен пораст на температурите , информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе се искачи до 28 степени, а индексот на УВ зрачење ќе иснесува 8.

Во сабота ќе биде уште потопло. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температурата ќе се движи од 27°С до 34°C.

Во недела слично време, сончево и топло, попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 12°С до 21°С, а максималната од 29°С до 35°С.

Уште потопло време не очекува од понеделник, кога живата во термометрите на места ќе се искачи до 38°С, а висок ќе биде и УВ индексот – 9.

OhridNews