И додека сите чекаат трансфер бомба во летниот преоден рок, актуелниот трансфер на португалецот Жозе Мурињо е на врвот на листата.

По заминувањето во 2007 година на местото на злосторот на “Стемфорд Бриџ “ се враќа “обожаваниот“ Жозе Мурињо. Но овој пат не како “специјален“, туку како “среќен“ човек.

Но што има ново да понуди , а тоа не го понудиле останатите негови претходници кои беа менувани како на филмска лента.

Низата супер менаџери кои ги менуваше рускиот тајкун Роман Абрамович и тоа како е долга. Клаудио Раниери,Жозе Мурињо,Луиз Фелипе Сколари, Аврам Грант, Гус Хидинк, Карло Анчелоти, Андре Виљаш Боаш, Роберто Ди Матео, Рафаел Бенитес.

Под водство на Мурињо Челси го имаше најтрофејниот период во својата клупска историја. Два пати триумфираа во Премиерлигата, ФА Куп, Карлинг куп, Комјунити Шилд куп.Челси на Мурињо не претпре пораз на домашен терен но не успеа го донесе трофејот од Лигата на шампиони во Лондон.

Но освоените трофеи не се секогаш гаранција за задржувањето на менаџерската позиција на “синиот“ брод под водство на Абрамович. Тоа на своја кожа го осетија Карло Анчелоти ( Комјунити Шилд, Премиер Лига и ФА Куп), Роберто Ди Матео ( Лига на шампиони) и Рафаел Бенитес ( Лига Европа).

Едно е сигурно, чекорите на Мурињо се сериозно планирани, а неговото доаѓањето во Челси токму во овој период воопшто не е случајно.

Мурињо и неговата ПР-машинерија добро знаат дека Манчестер Јунајтед без Сер Алекс Фергусон и со покрај супертимот кој го имаат на располагање не е оној истиот, бидејќи токму стариот лисец ги држеше “зауздани“ скапите звезди во соблекувалната. Прашање е колку ќе може Мојс да го прави тоа.

Манчестер Сити се раздели со италијанецот Роберто Манчини, најблиску да седне на клупата на “ѓраѓаните“ е Мануел Пелегрини, но тој не ја “познава“ Англија. Важи за суперстручњак но времето на адаптација сигурно е предност за португалецот кој еднаш го искуси животот во Премиер лигата.

Арсенал (на жалост) уште пред сезоната е задоволен со освојување на 4 место,што автоматски ги исфрла од трка за титулата.

Тотенхем каде седи неговиот ученик, Андре Виљаш Боаш е далеку од можноста да го загрози ривалот од Лондон.

Славните денови за клубот од Ливерпул се само далечно минато и во моментов се далеку од конкуренти за пласман во Лигата на шампиони, а камоли за титула во Премиер, на која се уште чекаат. 

Кој е лимитот на Мурињо во Европа?

Успеа со Порто 2004, успеа со Интер 2010 година. Може ли да го направи тоа со Челси?

Навивачите на Реал не му ја простија елиминацијата од Борусија. Три полуфиналиња во три години се сепак премалку за “Кралскиот Реал Мадрид“ кој има рекордни 9 титули во најеминентното европско клупско натпреварување.

Кои се најголемите противници на Мурињо во походот кон Европа? Барселона засилена со бразилското чудо од дете Нејмар? “Неговиот“ Реал Мадрид? Германската машинерија Баерн Минхен која доби шпански фудбалски револуционер во името на Пеп Гвардиола? Италијанските Јувентус, Милан, тешко па тие одамна не се во мода.

Мурињо се враќа на местото каде го сакаат и вели дека е среќен човек. Но ќе успее ли да ја усреќи и “сината“ армија навивачи, или ќе биде тоа само уште еден лош камбек? 

М.П.