Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег со слаб, во западните и северните делови умерен интензитет, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува умерен, а попладне на места силен ветер од северен правец, информираат од УХМР Македонија.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до -1 степен Целзиусов.


Во петок врнежите од снег ќе престанат и ќе дојде до разведрување. Минималната температура ќе се движи од -18 до -6, а дневната ќе достигне до 2 степени. Во деновите од викендот се очекува благо покачување на температурата.

OhridNews