Следува период на претежно сончево и многу топло време. Денеска во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 33 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура се очекува да го надмине и 40-тиот степен, соопшти УХМР Македонија.
OhridNews












