Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со умерена локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна темпаратура во Охрид ќе достигне до 30 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.
Според најавите од утре не очекува мало разладување проследено со врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во северозападните делови од земјата, а на места тие ќе бидат во форма на невреме. Дожд во попладневните часови се најавува во петок и во сабота.
OhridNews












