Огромни пукнатини, оштетени плафони, ѕидови- вака изгледа внатрешноста на зградата наспроти Маларична, во која се сместени канцеларии на политички партии, невладини организации. Повеќе од очигледно е дека објектот се наоѓа во катастрофална состојба и дека претставува опасност за оние кои ги користат просториите.


 

Од локалната самоуправа информираат дека  објектот е во сопственост на општината, но обврска за одржување на зградата е на оние кои ги користат просториите, а според договорот, за тоа не и плаќаат надомест на локалната самоуправа.

OhridNews