Доаѓањето на првите гости од Холандија, ќе биде прославено на познатата плажа „Куба Либре“, каде денеска ќе се одржи забава на која ќе присуствуваат официјални претставници на локалната самоуправа, на  амбасадата на кралството Холандија и туристичките агенции и асоцијации кои работат на проектот.


Свеченост ќе има во обновениот холандски парк во близина на градскиот кеј каде амбасадорката на Холандија, Симоне Филипини, ќе ги презентира петте нови велосипеди, пикник маси и новите садници во паркот.

OhridNews