Добила „спам“ за освоени милиони – и навистина добила три милиони долари
25.01.22 12:48
Електронското сандаче, посебно папката за „спам“ вообичаено е полна со пораки кои ветуваат незамисливи богатства, коишто за жал се „премногу добри“ за да бидат вистинити. Една Американка, сепак, еднаш решила да го провери овој тн. „спам“…
Лора Спирс од округот Окленд, Мичиген, САД, купила билет за „Мега милиони“. Со комбинација од пет броеви, жената се надевала дека ќе го добие „џекпотот“ од три милиони долари.
Видов оглас на Фејсбук дека „џекпотот“ на „Мега милиони“ станува прилично висок, па си купив ливче. Ми ветија дека ќе ми кажат, но не добив ништо во мојата електронска пошта. Неколку дена подоцна, проверував нешто што недостасуваше од едно лице, па ја отворив папката за „спам“… Така ја видов пораката од лотаријата дека сум добила награда. Помислив дека тоа е уште еден „спам“, но сепак го отворив линкот и ја проверив интернет-страницата на лотаријата. Испадна дека тоа е вистина! Страшно шокантно за мене – освоив три милиони долари!, вели 55-годишната среќничка.
Таа имма намера парите да ги потроши со семејството.
Нејзиниот последен совет гласи – луѓето почесто да ги проверуваат папките со „спам“.
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11092026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од реон опфатен со границите на улицит...
На 34 Меѓународен фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица вечерва пристигнува моќната сценска приказна „Парите се отепувачка“, во адаптација и режија на Андреј Цветановски, во изведба...
На 93-годишна возраст во Охрид на 10092013 година почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколку вековната се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.