Добитникот на Светската награда за хуманизам што ја доделува Охридската академија на хуманизмот, ќе биде прогласен во вторник, 18 јануари, спроти Водици, во куќата на Уранија (МАНУ) во 19 часот.

Годинава добитник на светската наградата за хуманизам е Питер Брук, англо-француски театарски и филмски режисер.

Наградата на  Питер Брук му се доделува за неговото шестдецениско поврзување на јазиците, културите и цивилизациите во сите светски центри каде што се одвива неговата уметничка дејност.

Питер Брук е петтиот добитник на ова реномирано признание што го доделува седумчлено интернационално жири. Претходно оваа награда ја понесоа Даисаку Икеда, Мануел де Оливеира, Александар Солженицин и Рави Шанкар.

OhridNews