Деновиве во Охрид престојуваат реномирани уметници од Германија, Шведска, Италија, Полска и Бугарија – добитници на наградата “ЗЛАТЕН ОСТЕН“ на минатата 38-ма Светска галерија на цртеж – Скопје 2010. Нивните дела предвидено е да се оценуваат од страна на меѓународно жири, кое треба да додели три награди, меѓу кои Гран При  , посебната награда и три први награди.


Како што информира Корнелија Конеска од организацијата на галериите на карикатура и цртеж, активностите на “Остен” се во насока на што поголема мотивација на уметниците.

” Замислата ни е наградените уметници со Златен Остен и годинава да бидат дополнително мотивирани, да продолжат да продуцираат и да ги градат своите кариери. Затоа и ги поканивме да престојуваат во Македонија, вели Конеска.

Според директорот на “Остен, Мице Јанкуловски меѓусебните контакти меѓу уметниците и организираните изложби се значајни со цел да се изврши што поголема промоција на хартијата како средство на изразување, кое се повеќе се поттиснува во позадина поради современите електронски медиуми.


За Стефан Бергер од Шведска, еден од уметниците гости, предизвик е да се работи на претходно определена цел и дека предизвикот е најголемата инспирирација за еден уметник.

“Ова признание ни помага да најдеме инспирација еден од друг, но и да ја најдеме насоката во нашите сопствени дела”, рече Бергер.

“ОСТЕН“ е препознатлив бренд во областа на карикатурата, уметноста, слободната мисла и слободното творештво уште од 1945, голем љубител на уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела. Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж повеќе од 65 години ги презентираат светските уметници на карикатурата и цртежот.

Од оваа година, Остен го најавува прераснувањето на Светската галерија на цртеж во биенална манифестација. Со цел да се посвети соодветно внимание на наградените автори на Остен, после секоја Светска галерија на цртеж ќе се организира престој на наградените уметници во Македонија, при што продуцираните дела ќе ги бидат оценувани од меѓународно жири. Ова претставува одлична можност да се промовираат и мотивираат авторите дополнително да се надградуваат и да напредуваат во своите кариери.

OhridNews