Според последните извршени мерења температурата на водата во Охридското езеро изнесува 11 степени, што значи дека за шест степени е потопла споредено со минатата година. Од Центарот за јавно здравје информираат дека деновиве се земени примероци од крајбрежната вода, чии анализи покажале дека квалитетот е од прва класа.
Инаку, викендов, кога во Охрид се очекуваат голем број гости по повод големиот верски празник , според прогнозата на синоптичарите, времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди , но и врнежи од дожд. Врнежи се очекуваат во попладневните часови во недела и понеделник.
Максималната дневна температура ќе достигне 11 степени, додека пак минималната ќе се движи помеѓу третиот и седмиот степен целзиусов над нулата.
OhridNews