Убавата вест блиски на семејството ја споделија денеска на социјалните мрежи.
Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне!
Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, сметката за донации и кампањата преку платформата ecrowd.mk.
Од срце благодариме за сета грижа, љубов и несебичност во овој период!
На Ева и е дијагностициран „остеосарком“ – редок и агресивен малиген карцином на коските. Ваквата дијагноза не може да третира во Македонија, поради што лекувањето на Ева продолжи во Германија.
OhridNews













