Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и навивачите можат да здивнат откако Немања Видиќ, Џони Еванс и Фил Џонс се вратија во стројот на “црвените ѓаволи“.

Српскиот интернационалец се повреди минатата година на мечот од Лигата на Шампиони против Базел додека Џонс се повреди за време на Европското првенство во Полска и Украина. Џони Еванс мината сезона не ја заврши откако заработи повреда на коленото.

Манчестер Јунајтед освен за Робин ван Перси се интерсира за бразилецот Мура кој моментално е со репрезентацијата на Бразил и се подготвува за Олимписките игри.

Мх.П.