Младиот охриѓанец Петар Маркоски, имаше добар настап во финалето на музичкото шоу „Потрага по ѕвезда“, што  вечерва се одржa во Универзалната сала во Скопје, но тоа не беше доволно за триумф.

Нова М2 ѕвезда е Филип Божиноски кој севкупно доби најмногу гласови од публиката и стручното жири.

Од продукцијата на музичкото шоу истакнаа дека сите десет финалисти поседуваат исклучителен талент и најавија соработка со сите нив.

OhridNews