Голема прослава на огромниот успех на македонската кошаркарска репрезентација предвидена е за во понеделник на плоштадот „Македонија” во Скопје.
Македонските кошаркари се очекува во понеделник да се вратат во Татковината со чартер лет, кој ќе биде обезбеден од официјалниот спонзор, телекомуникациската компанија „ОНЕ“
“ОНЕ како официјален спонзор на Македонската кошаркарска федерација ќе обезбеди и целосно ќе ги покрие трошоците за чартер лет кој ќе ги врати нашите кошаркари во Македонија на 19 септември за да можеме сите заедно да го прославиме големиот успех на македонската кошарка”, се истакнува во соопштението на компанијата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com