38-годишен тетовчанец додека чекал во возило кај семафорот поставен на патот Охрид-Кичево нападнал две лица. Настанот се случил минатиот месец, во близина на бензиската пумпа Окта кај Ново Село-општина Дебарца.

– Тука, на делот од патот каде поради изведување градежни работи има поставен семафор, пријавениот додека чекал во колона на црвено светло, во еден момент излегол од своето патничко моторно возило и се упатил кон возилото во кое забележал лице од Гостивар. Веднаш започнал вербална расправија со него, а потоа и со нозе удирал по неговото возило. Во еден момент, сега пријавениот со тупаници го нападнал и сопатникот во истото возило и веднаш си заминал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
 
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, против 38-годишниот тетовчанец, СВР Охрид поднесе кривична пријава.

OhridNews