Околу 6000 луѓе ја прославија Новата година на плоштадот во Охрид, а повеќе илјади гости се веселеа во кафетериите, дискотеките, рестораните и хотелите. За нивната безбедност се грижеа полицијата, приватните обезбедувања, дежурните лекарски екипи во здравствените установи, пожарникарите…Така беше и на градскиот плоштад. Полициско и возило на Брзата помош беа подготвени за интервенција, но за среќа ништо драстично не се случи.


Додека едни славеа други се грижеа за нив

OhridNews
фото: Бено