38-годишно лице, надгледувајќи го пчеларникот во атарот на струшкото село Бороец-струшко, вчера, било погодено од заталкан куршум во левото рамо.
Повреденото лице е пренесено во струшката Општа болница каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews












