Додека развиениот свет го рециклира и употребува во разни цели, ние ѓубрето се уште го расфрламе кај ќе стигнеме. Во екот на туристичката сезона, за жал, до израз доаѓа некултурата на поединци кои отпадот наместо во контејнер или во соодветни садови, го одлагаат на тротоар. Оваа фотографија ни ја испратија читатели од ул. „Гоце Делчев“ со напомена дека на ова место ваквата слика редовно се повторува, а отсуствува реакција на надлежните служби.
Додека не се воведе вистински ред ќе гледаме вакви слики