Согласно Одлуката на Комисијата за општествени дејности, градоначалникот Александар Петрески додели лап топ на едно лице кое боледува од церебрална парализа, кое во негово име го прими неговиот родител.

Од локалната самоуправа изразуваат надеж дека со тоа ќе се олесни во голема мера користењето на персоналниот компјутер од страна на ова лице на кое при движењето му е неопходна помош.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека ќе продолжат да ги помагаат лицата со посебни потреби.

OhridNews