Врачени наградите и признанијата на крводарителите во Охрид и Дебрца кои имаат во минатата 2021 година направени вкупно 50 и 25 крводарувања, но и шест плакети од страна на Црвен крст Охрид на поединци и институции кои придонеле во развојот и унапредувањето на крводарителството за 2021 година.
Ристо Биткоски, единствениот крводарител од Охрид кој годинава доби признание за преку 50 дарувања на крв во минатата 2021 година вели дека дарувањето крв за него и за сите крводарители е една хумана работа со која им помагаат и на луѓето кои не ги познаваат.
Помагањето со дарување на крв е еден процес во кој се вклучени повеќе луѓе не само ние како крводарители и сите заедно од свој аспект придонесуваме во спасување на човечките животи. Секој треба да избере начин на кој може да помогне во овој процес. Заклучно со 2021 година имам 50 крводарувања и се надевам дека ќе продолжам да дарувам крв и во иднина, вели Биткоски.

Беа реализирани преку 20 крводарителски акции, дел вонредни дел редовни, на кои што преку 1300 дарители даруваа крв. Тоа што не охрабрува е дека 20-30% од крводарителите кои даруваа крв во 2021 година се првократни крводарители, а сега се членови во ова големо хумано семејство кое што ги спојува само хуманоста. За 50 крводарување во 2021 година беше доделена плакета на еден крводарител и 15 плакети за дарители со 25 дарувања на крв. За 2021 година немавме со 75 и 100 крводарувања, но тоа е динамична категорија и можеби во 2022 година тоа ќе се промени, додава Точков.

Една од најважните работи и во овој период на Ковид пандемијата е крводарувањето, бидејќи секоја една капка дарувана крв спасува човечки живот. Имавме една мала стагнација со почетокот на пандемијата, тоа беше во периодот од 2019-2020 година, кога се намали бројот на собрани крвни единици на ниво на државата, но се организиравме, ги охрабривме крводарителите кои имаа страв, некоја резерва при дарувањето од заразување. Но, трансфузиолошките служби навистина ги применуваат сите заштитни мерки, па не се случија никакви несакани последици, додава Точков.
Настанот беше организиран во очи на утрешниот јубилеј на ОО Црвен крст Охрид 77 години од постоењето, а поврзано со 17 март, Денот на крводарителството во РС Македонија и Денот на Црвениот крст на РСМ.
Н.С.Ј.




















