Синоќа во куќата на Уранија беше претставен овогодинешниот добитник на Светската награда за хуманизам, Питер Брук.


Добитникот  наградата што ја доделува Охридската академија на хуманизмот,Питер Брук, е англо-француски театарски и филмски режисер. Признанието му  се доделува за неговото шестдецениско поврзување на јазиците, културите и цивилизациите во сите светски центри каде што се одвива неговата уметничка дејност, беше истакнато на промоцијата на која говореше Јордан Плевнеш, претседател на Охридската академија на хуманизмот.


Светската награда за хуманизам се доделува по петти пат, а покрај Брук оваа награда ја понесоа Даисаку Икеда, Мануел де Оливеира, Александар Солженицин и Рави Шанкар.

OhridNews