Доделена номинација за проект за опремување со современи машини во училишната работилница во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. За проектот аплицираше конзорциум составен од претставници на училиштето и компаниите Костал, ЛТХ -Леарница и ОДВ – Електрик. Директорот на училиштето Сашо Недески вели дека нивниот конзорциум е еден од осумте кои имаат добиено грант од Регионалниот фонд за предизвици, за Југозападен Балкан од кои за нашата држава предвидени се 3,5 милиони евра.
Во Акциониот план на проектот е предвидено да се изведува обука на набавената опремата. Опремата ќе се користи за преквалификација на невработени, вработени во компаниите партнери кои можат да изведуваат обука во училиштето, а секако и за други кои имаат потреба од обука. Првенствено е наменета опремата за обука на ученици од машинско и електро струка, вели Недески.
Во наредниот период, вели Недески, во најскоро време би требало да бидат дефинирани работите околу финансискиот план за да може да биде потпишан и договорот.
Нашиот проект е во вредност од околу 577 илјади евра. Проектот трае три години од кога ќе се потпише договорот, а на крај треба да се видат ефектите од реализација на самиот проект. По добивањето на номинацијата следува потпишување на договор за негова реализација, додава Недески.
Со трите компании кои се дел од конзорциумот не позврува дуалното образоание и целта е токму да се зголеми бројот на часови за практична настава односно учење преку работа, како и вежбите да се работатат во лабораторија, додава директорот.
Проектот е поддржан и од градоначалникот на Општина Охрид.
Н.С.Ј.













