Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денеска свечено им ги врачи дипломите на  студентите кои дипломирале во текот на претходната академска година.

Деканот на факултетот, Сашо Коруноски, во својот говор пред дипломците истакна дека со знаењето кое  го стекнале тука ќе можат слободно да излезат на пазарот на труд.

-Јас би ве повикал да размислувате за продолжување на вашето образование, кое трае всушност целиот живот. Она што во оваа поздравна пригода би сакал да го напоменам е и она што денес е актуелно, а тоа е врзувањето на образованието со пазарот на трудот. Не сакаме да замижуваме пред реалноста, она што значи заситеност на трудот од високо образовни кадри, но тоа не значи дека квантитетот ќе се изедначи со квалитетот, рече Коруновски, нагласувајќи дека оваа високообразовна институција и понатаму ќе се развива и модернизира.


Во рамки на свеченоста, факултетот ги награди и  најдобрите студенти на генерацијата  по насоките Хотелско-ресторанско работење, Осигурување  и Царина и шпедиција.

OhridNews