По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.
Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарот Александар Чомовски долгогодишен, реномиран новинар кој моментално е дел од Утрински Брифинг. Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин.

Истражувачките стории на темите што ги одбрале новинарите се од исклучително значење во нашата земја и нивната цел е да ја разбудат еколошката свест и за здрава животна средина кај надлежните институции како и кај секој граѓанин на нашата држава.

Наградените стории сеопфатно ги опишуваат и се обидуваат да ги доближат до граѓаните проблемите со кој се соочуваат граѓаните во руралните и помалку развиени места во нашата земја.
На јавниот конкурс оваа година во предвидениот рок, вкупно беа поднесени 20 апликации за награди за сите три категории, а членови на Комисијата за избор на наградите беа новинарите Мира Костиќ како претседател и како членови Сашко Димевски и Аднан Ајдари. Здружението на новинарите на Македонија и оваа година искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари како и до Стопанската комора на С. Македонија која помогна да се обезбедат средствата за овогодинешниот фонд за награди.
OhridNews












