Изминатиот викенд во Струга се оджа 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада, во организација на Математичкото друштво на Југоисточна Европа.
Олимпијадата заврши со доделување на медали на најуспешните. Беше доделено едно почесно признание, 20 златни, 36 сребрени и 40 бронзени медали. Вкупно беа наградени 97 ученици. Македонскиот тим освои 2 сребрени и 6 бронзени медали.
На натпреварувањето учествуваа математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од земјите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено беше учество и на гостински национални репрезентации и од други земји кои не членуваат во оваа организација.
Јуниорската балканска математичка олимпијада во Македонија се организира по трет пат, откако претходно се одржа во 2000 и 2014 година. Организаторот на натпреварувањето, Сојузот на математичари за прв пат годинава доби финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.
OhridNews