Доделени наградите на 56 учесници кои освоија бројни награди на 7-от Интернационалниот Бреинобреин натпревар. Пригодната свеченост се одржа во присуство на родителите и Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите, за што изразуваме голема благодарност, велат од ОО Црвен крст Охрид.
Инаку, вкупно 56 награди, од кои 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи е билансот на освоени награди на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29 јануари 2022 година.
Доделени наградите на охридските бреиобреин генијалци
OhridNews
































