Со доделување на наградите за најдобра ликовна творба на тема „Уметноста против оружјето“ беше заокружен проектот на СВР Охрид имплементиран со заеднички сили во соработка мисијата на ОБСЕ и невладината агенција “Цивил“. Ликовниот конкурс е дел од активностите во рамките на манифестацијата „Глобална акциона недела на Обединетите нации за борба против оруженото насилство“.
–
Околу 3000 цртежи беа испратени и во селекцијата комисијата која ја вршеше селекцијата беше формирана од ОБСЕ, министерството за внатрешни работи, и нево процесто на пред селекција беа избрани 180 цртежи за да на крајот се изберат десет цртежи од секој регион . Најдобрите цртежи ќе бидат искористени за креирање на календар и постер, како и за изработка на беџови, додека останатите ќе бидат користени за понатамошни кампањи против оруженото насилство – рече Јана Напа советник за соработка меѓу полицијата и заедницата , за развој на полиција при ОБСЕ.
СВР Охрид, овие активности ги организира преку Одделението за превенција во соработка со Одделот за развој на Полицијата на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и невладината Организација „ Цивил“ од Скопје.
– Денес доделивме награди на десет ученици од областа која ја покрива СВР Охрид. Учениците кои се вклучија во проектот ги искажаа и ги исцртаа своите размислувања за тоа како тие всушност треба да изгледа нашето општество, покажувајќи ја својата желба за сузбивање на сите девијантни појави. Веруваме дека сите овие активности ќе вродат со уште поголемо потикнување на степенот на свест кај сите наши граѓани за аномалиите и проблемите со кои што се соочува општеството – рече Стефан Димоски од СВР Охрид.
Четири признанија добија учениците на ОУ Страшо Пинџур од Вевчани. Директорот на училиштето беше задволен што институциите ги вклучиле во овај проект. –
Голем интерес покажаа учениците праќајки ги своите креативни твроби. И ние во нашето училиште моравме да бидеме селективни па од испратените творби до надлежните институции еве си заминуваме со четири освоени награди – рече директорот Марјан Којсточиноски.
Покрај учениците Марија Попеска, Стојче Иваноски, Ангела Мурџоска и Слободанка Богоеска од ОУ Страшо Пинџур, од Вевчани, наградени беа Станиша Дишлиевски од с. Октиси, потоа Дени Зеко, Симона Дејкоска и Јилија Јованоска од ОУ Св Климент Охридски, Виктор Темелкоски од “К.Ј.Питу“ и Емилија Ангелеска од ’Григор Прличев“
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com