Во организација на Женски центар “Бисера”, во просториите на ОУ,,Св.Климент Охридски,, се одбележа Меѓународниот ден на мајаката. На манифестацијата со своја програма настапија ученици од сите основни училишта во градот, а за прв пат оваа година учествуваа и најмладите од детската градинка ,,Јасна Ристеска,,.

По повод меѓународниот ден на мајката, претходно, беше објавен и конкурс на тема: ,,Мајка”, на литературни и ликовни творби. Од многуте пристигнати творби жирито составено од наставници, ги избра најдобрите.

Од испратените ликовни творби, од ученици од прво до четврто одделение, прва награда освои Елизабета Софраноска, втора награда Симона Орѓиеска, трета награда Христина Андоноска. Од петто до осмо одделение, наградите отидоа во рацете на прво наградената Шенол Сејдиноски, втора награда Елена Богданоска, треата награда Славица Танеска.

Од испратените литературни творби од ученици од прво до четврто одделение, наградени се: Прва награда за Ангела Силјаноска, втора награда Теодора Љаткоска , треата награда Кристина Костеска. Од петто до осмо одделение, наградени се:  Емилија Карафилоска, Дамјана Видическа и Ивана Битолкоска.

OhridNews