Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ свечено беа доделени сертификатите за стручно оспособување за лицата кои беа вклучени во обуките за подготовка за вработување.  

Обуките се реализираа во рамките на Оперативниот план на Владата на РМ за активни мерки и програми за вработување за 2014 година, а врз база на анализите на побарувани занимања на пазарот на трудот, за три образовни профили: сервисер на мехатронични системи, аргон заварувач и помошник козметичар.

Лицата обуката ја посетуваа во периодот од април до јулуи, а во месец август беа спроведени испитите од страна на комисиите.

OhridNews