Објавени резултатите од Конкурсот за доделување на ученички стипендии на одлични ученици од Општина Дебрца запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2021/2022.

Комисијата изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно конкурсот за доделување стипендии на одлични ученици од Oпштина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2021-2022 година, утврди дека се поднесени вкупно 44 пријави од кои 26 за средношколски, 18 за студентски стипендии, информираат во соопштението од Општина Дебрца.

По разгледување на документацијата доставена од кандидатите до Oпштина Дебрца, Комисијата изврши проверка на поднесените пријави и утврди неправилности кај некои апликации за студентска стипендија. Имено, по доставено барање за информации, од Министерството за образование и наука добивме потврда дека некои од апликантите се веќе корисници на државна стипендија, што е спротивно на условите предвидени во овој конкурс. Поради горенаведеното, комисијата одлучи во целост да го поништи конкурсот за студентски стипендии и за учебната 2021/22 година да додели само средношколски стипендии, се додава во соопштението.

OhridNews