Денес во општинската зграда, беа доделени стипендии за 18 талентирани основци, 21 средношколец и 6 студенти кои по претходно распишан оглас, втора година по ред, ги доделува Локалната самоуправа. Стипендиите ги врачи претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која истакна дека целта на ваквиот проект е општината да даде придонес и да им го олесни учењето и студирањето на младите охриѓани.
Висината на стипендијата за учениците е 1500 денари, а за студентите 2000 денари месечно за период од девет месеци во текот на учебната 2014/2015 година .
Врз основа на претходно распишаниот конкурс, општината имаше предвидено 15 стипендии за основци , 20 за средношколци и 30 за студенти. Но од пријавените кандидати предвидените услови наведени во конкурсите ги исполнуваа 18 основци, 21 средношколец и 6 редовни студенти со висок просек на државните факултети.
Проектот за стипендирање на талентирани ученици и студенти е по иницијатива и со заложба на Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески и за прв пат се реализира минатата година кога финансиска поддршка општината им даде на 20 ученици во основните и средни општински училишта и за 20 студенти од Охрид .
OhridNews