
„Подготовките за реализација на овој капитален проект ќе отпочнат по Нова година, рече Трпчески. Тој истакна дека догодина ќе биде завршена и сепарацијата на атмосферската од фекалната канализација на ул. Даме Груев, и најави реализација на уште неколку капитални објекти кои се подржани од локалната самоуправа.
Трпчески минформираше дека до мај 2008 година ќе заврши изградбата на колекторскиот систем Метропол-Пештани, а ќе започне изградба на независни пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа.
Од Проаква најавија дека во 2008 година ќе започне и изградбата на неколку мали хидроцентрали во Охрид и Струга за што не очекуваат да има проблеми со централната власт кој го оспори овој проект.
Еден од капиталните проекти кои ќе ги реализира јавното претпријатие догодина е и изработката на подземниот катастар, а паралелно со сите овие активности ќе се работи и на модернизација на постоечките капацитети.
Г. Момироски













