Изградбата на автопатот Oхрид – Кичево ќе се засили и ќе добие на динамика, очекува министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, откако кинеската „Ексим“ банка најави дека ќе бидат исплатени 380 милиони евра за реализација на овој капитален проект, од кои 200 милиони се од првиот, а останатите 180 милиони евра од вториот кредит.

Планот е да се обидеме наредната година да оспособиме 30 километри автопат од Охрид до селото Врбјани и тој да биде пуштен во употреба, најави Сугарески.

Крајниот рок за изградба на целиот автопат, кој беше пролонгиран поради сериозни проблеми со трасата и планирањето, останува 2021 година.

OhridNews